Албанскиот фудбалер Рубин Хебај е најновото засилување за Шкендија за пролетниот дел од сезоната, кој доаѓа во редовите на тетовскиот тим на повик на тренерот Ернест Ѓока.
За 22-годишниот Хебај ова е трет интернационален предизвик откако претходно немаше баш успешни авантури во украинска Ворскла и во словенечки Домжале.
„Одлично сум примен од првиот ден во Шкендија. Знам за каков клуб се работи и затоа го прифатив повикот. Ова е третпат за мене надвор од Албанија, и се надевам на трета среќа на многу поголем успех од претходните. Целта е да се освои шампионската титула и успешен настап во Европа“ – изјави Хебај по промоцијата во редовите на Шкендија.
Албанскиот фудбалер со Шкендија потпиша договор до јуни 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

