Пивотот на Конго, Готие Мвумби, цел живот ќе го памети мундијалскиот настап во Египет на кој ракометната јавност дозна за овој играч, кој настапува во француски нисколигаш. Мвумби изгледа застрашувачи со својата фигура на линијата од шест метри, но импресионира со подвижноста и ефикасноста.
Впрочем, со пет постигнати погодоци тој беше најдобар стрелец на Конго при денешниот пораз од Бахреин, а по мечот ја доби и МВП-наградата за најдобар поединец на оваа средба, иако неговата селекција претрпе убедлив пораз.
Мвумви постигна 13 гола на првите три средби од овој шампионат, од вкупно 14 шутеви кон противничките голмани, па нема да биде изненадување доколку веднаш по мундијалот пивотот на Конго добие понуда од посериозна екипа за продолжување на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА