Лино Червар имаше свое шоу и на денешниот натпревар меѓу ХРватска и Катар, на кој „коцкестите“ по тешка битка славеа со 26-24. Поранешниот селектор на Македонија секогаш инсистира на цврста одбрана, а токму тој дел од играта на Хрватите го импресионираше Червар во самиот финиш.
Затоа, по една украдена топка од Шарац и голот на Штрлек со кој беше осигурана победата, Лино побара тајмаут за во свој стил да им честита на ракометарите.
„Сега сите молчете, немојте да зборувате… го почна својот говор на тајмаутот Червар, па продолжи… Така треба момци, така се игра. Покажавте мад..а, тоа треба да се има, а ги нема секој. Покажавте дека сте вистинска екипа. Одиграјте фер до самиот крај, си ја завршивте работата. Ви честитам, тоа е тоа“, кажа Червар и го напушти кругот на ракометари на тајмаутот.
Хрватска ќе пренесе три бода во главнат фаза од СП 2021, каде Червар и неговите избраници ги очекуваат пресметки со Данска, Аргентина и Бахреин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА