Унгарија во трилер меч подобра од Германија, Полска го уништи Бразил

Репрезентацијата на Унгарија во трилер натпревар ја совлада Германија со 29-28. Унгарците до победата стигнаа со голот на Матеј Лекај на три секунди до крајот на мечот. 21-годишниот Унгарец, Мате беше најефикасен на натпреварот со 8 гола, додека кај Германците Шилер запиша еден помалку.

Полска одигра неверојатен натпревар против Бразил успевајќи да го декласира со огромни 33-23. По заминувањето на пауза со плус два 14-12, Полјаците одиграа неверојатно второ полувреме, кое беше клучниот период за остварување на вториот триумф на шампионатот. Сико и Морито со по шест гола беа најефикасни во таборот на Полска, додека кај Бразилците четири гола постигна Лангаро.

Актуелниот светски шампион Данска без поголеми проблеми славеше над Аргентина со 31-20.

Веќе утре почнуваат натпреварит е од втората фаза, а репрезентацијата на Македонија во првото коло во новоформираната група 4 од 15:30 часот ќе се сретне со Словенија.

Се вчитува...