МЗТ Скопје забележа минимална победа на дуелот против Хелиос, но тренерот Ѓорѓи Кочов воопшто не беше задоволен од изданието на своите кошаркари. Тој во изјавата веднаш по мечот се осврна на неодговорноста во завршницата, кога „металците“ за малку ќе му подареа триумф на противникот, кој поради проблемите со коронавирусот настапи со само седум кошаркари на оваа средба.
„Единствена добра работа е што забележавме победа. Знаевме се што ќе се случува, знаевме дека ќе се со шест-седум играчи, знаевме дека ќе играат зона, но сепак си дозволивме да си ја искомпликуваме судбината. Ваква неодговорност и вакви грешки какви што ние ги правевме во финишот досега немам видено, единствена добра работа е што го промашија тој последен шут и што ние стигнавме до победата. Среќа е што сме овде сите заедно, па уште вечерва ќе почнеме со корекција на сите работи што ги направивме погрешно денеска“, изјави Кочов по натпреварот.
Следен предизвик за МЗТ Скопје е дуелот со Слобода Ужице што на програмата е в петок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА