Англиски голман погоди од гол на гол, што правеше неговиот колега?

Том Кинг e фудбалерот што го постигна најубавиот гол на терените ширум Европа вечерва. Изненадувачки, Кинг е голман кој настапува за Њупорт, но неговиот денешен погодок е вистинско ремек-дело, од дури 95 метри.

Имено, Кинг на натпреварот против Челтенам изведуваше гол-аут од сопствениот шеснаесетник, ја шутна топката најсилно што можеше, но сигурно не очекуваше таа да заврши во мрежата. Останува дилемата што правеше неговиот колега на спротивната страна, кој се посрамоти дозволувајќи да прими гол од неверојатна далечина.

Кинг е првиот голман што постигнува погодок во англиските пониски лиги по пауза од четири години, откако тоа му успеа на Бери Рош од Морекамб на дуелот со Портсмут.

Се вчитува...