МЗТ мора да научи – во АБА2 нема опуштање (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје одигра две различни полувремиња во првиот натпревар на „балонот“ во Бања Лука, но на крајот успеа да стигне до победа над Хелиос со минимални 69-70. Аеродромци го контролираа натпреварот од самиот почеток, на влезот на одлучувачката четвртина имаа предност од 12 поени, но лошата игра во нападот на крајот можеше да ги чини избраниците на Ѓорѓи Кочов два бода.

Аеродромци блескаа на паркетот во првото полувреме, но мора да научат дека во АБА2 не смее да дојде до опуштање и предвремена прослава на победата. Денеска среќата им беше наклонета, па не беа казнети за таквиот пристап, но ако им се повтори – може скапо да ги чини во иднина.

 

Се вчитува...