Корона-хаосот кој се случи во ракометната репрезентација на Чешка донесе оставки на сите страни во ракометната федерација. Селекторите Јан Филип и Даниел Кубеш се разрешени од функцијата, а оставка поднесе и претседателот на ракометната федерација на земјата, Јарослав Чавални.
На состанокот кој вчера траеше до полноќ беше разрешен и спортскиот директор на репрезентацијата, Даниел Чурда. Репрезентацијата се соочи со големи проблеми пред заминувањето на Светското првенство поради масовното ширење на коронавирусот во тимот, поради кој мораа да го откажат настапот во Египет, а на нивно место замина репрезентацијата на Македонија.
Филип и Кубеш ја презедоа репрезентацијата на Чешка во 2014 година, а минатат година договорот беше продолжен на уште три години. Сепак, поради фијаското кое што им се случи пред заминувањето во Египет, тие се разрешени од оваа фунцкија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА