Американски „шмек“ во Истанбул – Фенербахче се засили со нов центар од НБА

Кошаркарска треска во Турција. Kако што и беше најавено, Кајл О’Квин е новиот играч на Фенербахче. 30-годишниот центар со сериозно искуство во НБА, потпиша договор со турскиот гигант и го прифати предизвикот за соработка со клубот од Истанбул. По „бурниот“ старт на сезоната со новиот тренер Игор Кокошков, Фенербахче успеа да го пронајде посакуваниот победнички ритам.

Враќањето на Марко Гудуриќ означи почеток на подобри денови за клубот од Истанбул, кој реши дополнително да го засили тимот пред клучниот дел од сезоната. Изборот беше едногласен, па турскиот клуб се одлучи на одличен трансфер и донесување на центар со осумгодишно искуство во најдобрата кошаркарска лига во светот, НБА.

По четири години поминати во Универзитетот Норфолк, О’Квин беше купен во 2012 година од Орландо Меџик. Тој остана на Флорида три години, проследени со уште три години во Њујорк Никс, а потоа една сезона помина во Индијана и Филаделфија. Кајл О’Квин се обиде да најде ангажман во НБА-лигата, но не успеа, па реши да се обиде надвор од САД за првпат во својата кариера.

Нема сомнение дека тој ќе биде големо засилување за тимот од „Улкер Спорт Арена“, О’Квин е пред се одличен дефанзивец, но неговиот придонес во нападот не е занемарлив, тој има добар преглед на играта и одлично чувство за помош во нападот и одбраната. НБА играчот има 472 настапи во најсилната лига на светот, со просек од 5,4 поени со 4,6 скока и 1,4 асистенции по натпревар.

Инаку, Фенербахче врза пет победи во Евролигата и сега има скор од 10 победи и порази, а со доаѓањето на искусниот НБА центар, тимот од Истанбул најавува дека е подготвен да се вмеша во битката за највисок пласман.

Се вчитува...