Прием во АМС: Одбојкарите бараат иста премија како фудбалерите

Одбојкарската репрезентација на Македонија беше на прием во Агенцијата за млади и спорт по големиот успех и пласманот на Европското првенство. Претседателот на одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски се заблагодари за поддршката и најави дека очекува репрезентативците за овој голем успех да добијат иста премија како и фудбалерите за пласманот на Европското првенство.

„Би сакал да се обратам до Владата, ако сме рамноправни спортисти со сите, би сакал и одбојкарите да ја добијат истата награда како фудбалерите за пласман на ЕП“, изјави Јовановски.

 

Се вчитува...