Фудбалерите на Работнички ремизираа на првиот пријателски натпревар за време на зимските подготовки.
„Романтичарите“ одиграа без победник (1-1) со велешки Борец во натпревар во кој составот на Александар Влахо дојде до предност во 16. минута со голот на Јован Петровиќ, но Борец израмни за конечни 1-1 во 81. минута од средбата со погодокот на Ибрахимовиќ.
Работнички го стартуваше мечот со Мустафа, Пецов, Грозданоски, Кировски, Зука, Ангелов, Јевтовски, Тодоровски, Максимов, Петковски, Петровиќ. Во вториот дел настапија и Јанков, Силјановски, Зекири, Ѓорѓевиќ, Стојков, Лазаров, Стојкоски, Јонуз, Ристовски, Рамадани, М. Станковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

