Нов гол на Ибраими за триумф на Кукс

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими го запиша и својот седми гол сезонава во дресот на Кукс во албанскиот шампионат.

Ибраими во 16. коло од Суперлигата на Албанија со гол од пенал во 16. минута ја најави победата на Кукс од 1-3 на гостувањето против Аполонија Фиер.

Кукс по одиграни 16 натпревари, со 23 бода е на делба на третата позиција на табелата во првенството на западниот сосед.

Се вчитува...