Стружани ремизираа и на вториот тест-дуел во Драч

Фудбалерите на Струга Трим Лум ремизираа и на вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Драч, Албанија.

Стружани одиграа без победник (1-1) со косовскиот Фероникели, благодарение на погодокот на Дејан Цветаноски.

Како што е познато, на првиот тест дуел Струга ТЛ одигра 3-3 со уште еден косовски тим, екипата на Гњилане.

Се вчитува...