Голманот на македонската репрезентација, Мартин Томовски, истакна дека конечните „минус десет“ на дуелот со Словенија не се реален показател за случувањата на теренот во Каиро.
Според чуварот на мрежата, кој бранеше одлично во второто полувреме, вистинска штета е што Македонија не успеала да го задржи темпото со кое го почнала натпреварот.
„Започнавме добро во првиот дел, но во вториот дел направивме многу технички грешки. Словенија не казни многу лесно и како што кажа и селекторот, разликата не е вистинска. Мора да бидеме подбори во следните натпревари и да се обидеме да приредиме изненадување против Русија и Белорусија“, изјави Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА