Минимален пораз на Силекс на првиот тест во Анталија

Екипата на Силекс доживеа минимален пораз во пресметката со Нови Пазар на првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија, Турција.

Стрелец на победничкиот погодок за српскиот тим беше Јово Којиќ во 61. минута од натпреварот.

Шефот на стручниот штаб на Силекс, Горан Симов шанса дал на сите расположиви сили за време на подготовките во турскиот туристички центар.

Се вчитува...