Баерн Минхен ја одржа предноста на врвот од табелата во Бундеслигата откако во 17. коло славеше со 0-1 на гостувањето против Аугсбург.
Творец на победата на Баварците беше Роберт Левандовски со голот од пенал уште во 13. минута од средбата.
Аугсбург пропушти можност за бод не реализирајќи удар од белата точка, преку Финбогасон во 77. минута.
Лајпциг триумфираше со 1-0 против Унион Берлин со голот на Форсберг во 70. минута.
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ги одигра последните 30 минути на натпреварот на кој неговиот Штутгарт загуби со 3-0 од Арминија Билефелд.
РЕЗУЛТАТИ – 17. КОЛО
Арминија Билефилд – Штутгарт 3-0
Аугсбург – Баерн Минхен 0-1
Фрајбург – Ајнтрахт Ф. 2-2
Лајпциг – Унион Берлин 1-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

