Неверојатниот Словенец Лука Дончиќ повторно запиша историја во НБА лигата, овој пат во гостинската победа на Далас над Индијана од 112-124.
И покрај проблемите со повредата, Дончиќ успеа да дојде до нов „трипл-дабл“ ефект, завршувајќи го натпреварот со 13 поени, 12 скока и 12 асистенции, на тој начин станувајќи најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој во кариерата стигнал до 30 „трипл-дабл“ учиноци.
.@luka7doncic is now the youngest player in @nba history to reach 30 triple-doubles ?@ModeloUSA | #ModeloMilestones pic.twitter.com/d5Fx4R0rXK
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) January 21, 2021
Најефикасен во победата на Далас беше Порзингис со 27 поени и 13 скока, а Малком Брогдон со 25 поени и Домантас Сабонис со 25 поени беа најефикасни во домашните редови.
Големата тројка на Бруклин, Дурант-Харден-Ирвинг, запиша пораз во првиот настап заедно. Загубија по продолжение од Кливленд со 147-135.
Колин Секстон со 42 поени ги уништи Нетс, Осман дополни со 25 поени, додека најефикасен кај Бруклин беше Дурант со 38 поени и 12 скока. Ирвинг имаше 37 поени, а Харден заврши со „трипл-дабл“ ефект од 21 поен, 12 асистенции и 10 скока.
Филаделфија со 117-10 славеше против Бостон, Атланта го победи Детроит со 123-115, а Мајами славеше на гостувањето против Торонто со 102-111. Голден стејт убедливо триумфираше против Сан Антонио со 121-99, а ЛА Клиперс беа подобри од Сакраменто победувајќи со 115-96.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА