Клоп: Не е совршено, но не е ни катастрофа

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп говореше околу формата на својата екипа во Премиер-лигата. Тимот од „Енфилд роуд“ во последните четири меча постигна само еден гол, поради што на табелата падна од првата на четвртата позиција.

„Рабирам дека постои причина да се зборува околу тоа, но ние не можеме да го промениме тоа. Мораме да бидеме мирни во оваа ситуација. Не е катастрофа, но далеку е од совршено. Видов доста добри работи на натпреварот со Јунајтед. Бидејќи не победивме никој не беше заинтересиран за нив. Не постигнавме гол и тоа е тоа“, изјави Клоп. 

Тој додаде дека Жоел Матип ќе биде подготвен за вечерашниот натпревар против Барнли кој се игра со почеток во 21 часот.

Се вчитува...