Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов е претставен за нов фудбалер на италијанскиот Лече. Бобан Николов во Лече дојде од редовите на унгарскиот МОЛ Фехервар од кој беше дел од 2018 година.
Покрај во МОЛ Фехервар Николов во кариерата настапуваше и за Вардар во историската сезона во која најтрофејниот клуб беше дел од Лигата на Европа, а играше и за романскиот Виторул.
Николов во Лече ќе биде втор Македонец, бидејќи дел од тимот е и поранешниот репрезентативец Леонард Жута.
Benvenuto a Lecce Boban #Nikolov #avantilecce pic.twitter.com/9jgGxdCZea
— U.S. Lecce (@OfficialUSLecce) January 21, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА