Шкендија веќе ги стартуваше подготовките, а лидерот на табелата во Првата лига на 24 јануари ќе замине за Анталија, каде во периодот до 24 јануари до 8 февруари тренерот Ѓока ќе се обиде да ја крене формата на тимот во пресрет на клучниот дел од сезоната.
Тетовци веќе договорија и четири контролни натпревари, при што за ривали ќе имаат екипи од Украина и од Казахстан, а последниот дуел ќе биде со украинскиот гигант Динамо Киев.
Првата контрола „црвено-црните“ ќе ја имаат еден ден по доаѓањето во Турција, на 25 јануари излегувајќи на теренот против Зорија од Украина. За 30 јануари е закажан дуелот со украинскиот прволигаш Десна, на 3 февруари ќе следи натпреварот со Кајсар од Казахстан, а на 7 февруари ќе се игра мечот против гигантот Динамо Киев.
„Серијата контролни натпревари ќе ја завршиме на 7 февруари со дуел против гигантот од Украина, Динамо Киев. Мечот со 15-кратниот украински првак ќе биде идеална можност за тестирање на можностите на нашиот тим, не само за вториот дел од сезоната, туку и за нивното пред посериозните предизвици во европските купови“, информираат од ФК Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

