Агонијата на Серхио Агуеро со најразлични здравствени проблеми сезонава продолжи и денеска, откако беше објавено дека аргентинскиот голгетер е позитивен на коронавирус.
Агуеро беше надвор од тимот на Манчестер Сити бидејќи се најде во самоизолација по близок контакт со лице позитивно на коронавирус. Десет дена по првичниот контакт, Агуеро денеска објави дека и тој самиот е позитивен на Covid-19.
„Бев во самоизолација, а последното тестирање покажа дека сум позитивен на коронавирус. Имам одредени симптоми, ги следам препораките на лекарите. Чувајте си го здравјето“, објави Агуеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

