Бугаринот Ивајло Петев е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина.
Петев, кој е поранешен селектор на Бугарија, но и тренер на Динамо Загреб, Лудогорец, Омонија…, доаѓа на местото на Душан Бајевиќ, кој се повлече од должноста на крајот од минатата година.
И Полска именуваше нов селектор. Португалецот Пауло Соуса ќе ја предводи во иднина полската репрезентација по неочекуваниот отказ за Јержи Бржечек.
„Мислам дека Соуса е тренер кој може повеќе да извлече од нашата репрезентација. Со целосен респект кон Бржечек, имав впечаток дека тој тешко ќе не однесеше чекор понатаму“ – истакна претседателот на полската фудбалска федерација, Збигњев Боњек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА