Летните олимписки игри во Токио ќе бидат откажани, пренесуваат светските медиуми. Според нив јапонската влада на состанок зад затворени врати донела одлука за нивно откажување и правење план за пријавување за организација за игрите во 2032 година.
Игрите веќе беа одложени поради коронавирусот, за годинава, откако немаше никакви шанси тие да се одржат во 2020.
Останува единствено властите во Јапонија да пронајдат најбезболен начина да ја соопштат оваа информација бидејќи не само фановите ширум светот, туку и најдобрите спортисти ќе изгубат осум години да се претстават на најважната спортска смотра во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА