Александар Стојанов е нов координатор на школата на Академија Пандев

Александар Стојанов е назначен за координатор на фудбалската школа на ФК Академија Пандев, информираат од струмичкиот прволигаш.

„Стојанов е повеќегодишен тренер во клубот. Изминатите две години работеше како асистент во стручниот штаб на сениорскиот тим на Академија Пандев. Тој е тренер од новата генерација на тренери кои се во процедура за стекнување со УЕФА ПРО лиценца“ – информираат од Академија Пандев.

Првиот тим на „пандевци“ во моментов е на подготовки во Анталија, Турција, каде ќе бидат реализирани и четири тест дуели.

Се вчитува...