Демант од Токио – Не е точно дека Олимписките игри ќе бидат одложени

Олимписките игри во Токио се под знак прашалник, но се уште нема официјална одлука дали ќе бидат одложени или одржани. Заменик генералниот секретар на владата на Јапонија, Манабу Сакаи, даде демант до светската јвност и нагласи дека не се точни информациите за откажување на Летните олимписки игри во Токио.

Ваквинацијта и пандемијата во светот повторно ги блокира границите, па ова може да биде и една од главните пречки за доаѓање на спортистите во Токио, сепак властите на Јапонија велат дека ќе направат се’ што е во нивна моќ, па уверуваат дека организацијата ќе биде спроведена според сите здравтсвени протоколи.

„Сакаме целосно да ги демантираме овие информации. Секако, мора да ја земеме предвид ситуацијата во странство и во одреден момент ќе се донесе одлука дали да се одржат Олимписките игри или не, но дотогаш владата ќе стори сé што е потребно за да се подготви за игрите“, рече Сакаи.

Инаку, Олимписките игри во Токио 2020 треба да се одржат од 23 јули до 8 август оваа година.

Се вчитува...