И фудбалерите на Македонија ЃП денеска отпатуваа за Анталија, Турција, каде во следните две недели ќе биде реализирана втората фаза од подготовките за пролетниот дел од шампионатот.
Шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски веќе ги дефинираше и противниците за пријателските натпревари кои ќе се играат во турскиот туристички центар.
Договорени се тест дуелите со шест противниците, украинските Олександарија, Инхулетс, Олимпик Доњецк и Минај, како и бугарските Монтана и ЦСКА 1948.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

