Швајцарскиот скијач Урс Крунбил доживеа тежок пад на спустот на култната патека во Кицбил. Швајцарецот пред целта ја загуби рамнотежата и при брзина од 140 километри на час падна, по што се лизгаше добри 50 метри.
По падот остана неподвижен на патеката. Медицинските лица веднаш интервенираа и Швајцарецот со хеликоптер беше пренесен во локалната болница.
Schwerer Sturz von Urs Kryenbühl (??) auf der Streif ?? #kitzbuehel ? Gute Besserung!! ?? pic.twitter.com/do6IDTjL6v
— Alfred E. Neumann (@MadMagazin) January 22, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА