Пролет и Бутел ги стартуваа подготовките

Скопските суперлигаши Пролет и Бутел ги стартуваа подготовките за вториот дел од сезоната, во која овие две екипи ќе водат битка за излез во ракометна Европа. И двете екипи тренираат во салата „Македонско Сонце“ во Пролет, откако овој клуб му излезе во пресрет на барањето на Бутел, чија сала моментно се реновира.

На клупата на Пролет за првата прозивка го немаше тренерот Матлиески, кој е дел од стручниот штаб на македонската репрезентација на СП во Египет, а со очекува во наредниот период овој клуб да донесе најмалку уште еден нов ракометар.

На првата прозивка на „бутелци“ се појавија и двајцата нови ракометари на овој клуб, десниот бек Душан Трифковиќ и пикерот Владимир Јевтиќ.

Се вчитува...