Ерлинг Халанд не може сам да ја води Борусија Дортмунд. И покрај двата гола на одличниот Норвежанец, милионерите загубија во дербито на 18. коло во германската Бундеслига од Борусија Менхенгладбах со 4-2. Првото полувреме ни донесе дуел меѓу Елведи и Халанд кои со по два гола беа главни актери за резлутатот на пауза од 2-2.
Во вториот дел домаќините беа по сконцентрирани во финишот на акциите и со головите на Бенсабаини и Турам стигнаа до нов триумф во домашното првенство. Со оваа победа Менхенгладбах го мина Дортмунд на првенствената табела и сега е 4. со 32 бода, односно три повеќе од денешниот противник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

