Ѓоровиќ го одбра составот на женската селекција за „балонот“ во Рига

Македонскиот селектор Владимир Ѓоровиќ го соопшти списокот на женската репрезентација за претстојниот квалификациски турнир кој од 6. до 8. февруари ќе се одржи во главниот град на Летонија, Рига.

 Ѓоровиќ одлучи во подготвителниот период и средбите со репрезентациите на Хрватска и Летонија да им даде доверба на 15.кошаркарки.

„Сакам кажам дека за овој февруарски ‘прозорец’ на ФИБА и квалификациските дуели во Летонија беа планирани уште неколку кошаркарки. Во прв ред, Јелена Антиќ, која е на посебни третмани за опоравување во Катар. Потоа Александра Стојановска, која за жал не е комплетно заздравена по операцијата на скочниот зглоб, и Кожобашиоска, која од пред неколку дека е во карантин во Италија. На поширокиот список не се Селцова и Митрева, кои сеуште се во рехабилитациска фаза после оперативните зафати во изминатиот период“ – појаснува предводникот на нашата најдобра женска селекција.

Во првите денови од седумдневните подготовки во Охрид, ќе ја нема Анџелика Митрашиновиќ, поради претходно планирани клупски обврски.

„Таа има натпревар со својот клуб Будуќност во WABA лигата. На 26. јануари играат во Бугарија, следниот ден се враќа во Скопје, а на 28. jануари очекувам да ја имаме на тренинг во Охрид. Исто така сакаме Девана Бонер да биде со нас пред да заминеме за Летонија. Но ќе видиме како ќе го организира наредниот период, со оглед на тоа што по настапите во ФИБА Еврокупот, сака на кратко да се врати во САД, по што би следувало нејзиното приклучување на останатите девојки во тимот“ – дополнува Ѓоровиќ.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ЦИКЛУС НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП

Се вчитува...