Вулверхемптон донесе нов напаѓач

Вилијан Жозе е решението за голгетерската криза во Вулверхемптон со која „волците“ се соочија по тешката повреда на Раул Хименез. Мексиканецот ја повреди главата на дуелот со Арсенал, потоа му беше извршена операција на черепот, па се уште е неизвесно кога тој ќе може повторно да заигра на премиерлигашките терени.

Останатите напаѓачи не ги оправдаа очекувањата, па управата беше принудена да реагира, договарајќи го ангажманот на Вилијан Жозе од редовите на Реал Сосиедад. Овој фудбалер минатиот јануари беше поврзуван со доаѓање во Тотенхем, трансферот му пропадна во последен момент, но бразилскиот интернационалец денеска и официјално се пресели во Премиер-лигата.

Тој пристигнува во таборот на „волците“ како позајмен играч, а премиерлигашот има можност следното лето да го откупи неговиот договор за 24 милиони евра.

Се вчитува...