Пролет е на добар пат да донесе квалитетно засилување на позицијата десен бек откако влезе во завршна фаза од преговорите за ангажман на Никола Потиќ од Металург. Србинот не ги оправда очекувањата во „Автокоманда“ и се наоѓаше на листата на играчи кои беа на заминување пред вториот дел од сезоната, а Пролет начелно ги договори условите за соработка, за чија официјализација сега недостига само потпис на договор со важност до јуни 2021 година.
Пролет покажува амбиции во борбата за излез во ракометна Европа, пред крајот на Супер-лигата го доведе Црногорецот Жарко Пејовиќ, а со доаѓањето на Потиќ дополнително се засилува бековската линија, но и одбранбената зона пред голманот Петар Ангелов.
Потиќ е вториот странски ракометар што си заминува од Металург, откако истото го стори и пивотот Канкараш, селејќи се во Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА