ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Победи на Работнички и Пелистер

Работнички во вториот пријателски натпревар за врема на зимските подготовки дојде и до првата победа, славејќи против второлигашот Тетекс со 2-0.

Стрелец на двата погодоци за „романтичарите“ беше Фахрудин Ѓурѓевиќ во 72. и во 85. минута од натпреварот.

Првиот тест зимава го одигра и фудбалерите на Пелистер кои гостуваа во Корча, Албанија, каде победија против ФК Деволи со 2-3.

Битолчани за време на подготовките на охридското крајбрежје ќе одиграат уште четири тест дуели.

Фудбалерите на Кожуф, пак, ремизираа со 2-2 со тимот на Вардар Неготино.

Се вчитува...