Силекс го доживеа и вториот пораз на подготовките во турска Анталија, овој пат од украинскиот Колос.
Кратовци се до финишот на средбата имале предност од 0-1 со голот на Бурхан Мустафов во 50. минута, но Украинците со два погодоци во последните десет минути успеале да дојдат до триумфот.
Силекс на првиот тест во Анталија загуби и од српскиот Нови Пазар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

