Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа пораз од 26-23 на гостувањето против ППД Загреб, како дел од подготовките за вториот дел од сезоната. По ремито на првата контрола со Целје, избраниците на Жељко Бабиќ денеска капитулираа пред актуелниот првак на Хрватска, меч во кој и кај двата тима недостигаа играчи кои се дел од СП во Египет.
Пресудно беше првото полувреме што Загреб го доби со 16-14, предност што домашните ракометари ја задржаа до самиот крај на натпреварот.
Ѓукиќ со шест гола беше најефикасен во редовите на битолските „фармацевти“, четири погодоци постигна Мандалиниќ, а по трипати прецизни беа Ојлески и Граџан. Равниќ со девет постигнати гола беше најефикасен ракометар во таборот на победничкиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

