Де Лихт го победи коронавирусот и веднаш се враќа на терен

Андреа Пирло доби уште една добра вест од „болницата“ во Јувентус, откако Матијс де Лихт го победи коронавирусот и му се стави на располагање на Андреа Пирло. Холандскиот дефанзивец веќе извесно време беше надвор од натпреварувачки ритам, но од таборот на Јувентус најавуваат дека тој ќе конкурира за место во тимот за утрешниот дуел против Болоња.

Де Лихт е втор фудбалер што се враќа во тимот по победата над коронавирусот, откако тоа го стори Квадрадо на Супер-купот на Италија против Наполи.

„Матијс де Лихт според протоколот изврши тестирање на Covid-19, при што доби негативни резултати. Со самото тоа, фудбалерот повеќе не е во изолација, вечерва ќе му се приклучи на остатокот од тимот и утре ќе биде во тимот за мечот со Болоња“, објави „старата дама“ на официјалната веб-страница.

Се вчитува...