Манџукиќ дебитираше – Милан доби лекција од Аталанта, Удинезе до реми со Интер (ВИДЕО)

Милан доби вистинска лекција од Аталанта во 19. коло од Серија А. „Миланезите“ го доживеаја вториот пораз сезонава, овој пат на домашен терен и тоа убедливо со 0-3 од тимот од Бергамо.

Побеата на гостите ја најави Ромеро уште во 26. минута…

 

Во второто полувреме Иличиќ од пенал во 53. минута зголеми на 0-2, а Запата во 77. минута заокружи на 0-3.

Во дресот на Милан дебитираше и најновото засилување, Хрватот Марио Манџукиќ кој во игра влезе во 70. минута на местото на Кастиљехо. Но, заврши со неславно деби.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски остана само на клупата за резервни фудбалери кај Удинезе во ремито без голови со Интер.

Се вчитува...