Никогаш не го провоцирајте Ибра, секогаш ќе ве замолкне!

Златан Ибрахимовиќ е познато по тоа дека никому никогаш не останал должен, посебно не кога ќе се обидете да го испровоцирате или понижите.

Така беше и синоќа. Милан беше понижен од Аталанта со 0-3, а судиското продолжение донесе сцена во која, по расправија со Ибрахимовиќ, ‘подебелиот’ крај го извлече Дуван Запата.

На Милан во досегашниот дел од сезоната му се досудени дури 12 пенали. „Миланезите“ и вчера во судиското продолжение бараа пенал, па 29-годишниот Запата се доближа до Ибрахимовиќ обраќајќи му се:

„Не можете да завршите натпревар а да не добиете пенал. Сакате и 13. пенал?“

Следеше брутален одговор од Ибра по кој Колумбиецот повеќе не ја продолжи дискусијата.

„Што зборуваш? За какви пенали зборуваш. Имам повеќе голови во кариерата отколку ти што си одиграл натпревари“ – му порача легендарниот напаѓач.

Статистиката вели дека Ибрахимовиќ досега во кариерата постигнал 498 гола, а Запата досега во кариерата има одиграно 371 натпревар вкупно.

Се вчитува...