Италијанскиот второлигаш Бреша е заинтересиран за ангажман на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, пренесуваат дел од италијанските медиуми.
Несторовски добива малку шанса сезонава во редовите на Удинезе, па неколку второлигаши се во обид за засилување со македонскиот офанзивец. Интерес има и од СПАЛ, но како што пренесуваат Италијанците „најагресивна“ е Бреша.
Претходно, „Газета дело спорт“ пренесе и дека Удинезе го понудил Несторовски на уште еден второлигаш, Порденоне, во замена за напаѓаќот Давиде Диав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

