Македонскиот репрезентативец Бобан Николов веднаш по потписот за италијанскиот второлигаш Лече, дебитираше во првиот тим за својот нов тим во Серија Б.
Николов се најде во почетниот тим за дуелот против лидерот Емполи на кој Лече ремизираше 2-2.
Македонскиот фудбалер во 5. минута заработи жолт картон, а потоа одигра 54 минути, кога беше заменет од страна на Бјоркенгрен. Лече имаше негатива од 0-2, но со два погодоци во самиот финиш успеа да стигне до бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

