Македонската футсал-репрезентација ги стартуваше подготовките за квалификациските натпревари против Босна и Херцеговина и Романија од циклусот за пласман на Европско првенство.
За пресметката на гостински терен во Зеница (28. јануари) и домашната против Романија (3. февруари), селекторот Васко Скендеровски повика 19 играчи.
„Започнуваме нов квалификациски циклус и ќе се обидеме да оставиме силен впечаток.Се разбира, доколку ни се укаже шанса и да оствариме пласман на континеталниот собир 2022. година. Македонскиот репрезентативен футсал е на една голема пресвртница и мораме да започнеме со етапна фаза на подмладување на репрезентацијата. Тоа што веројатно требаше да се направи пред две или три години, сега се чини е неизбежност. Имавме две опции, или да се направи инстант решение со натурализирање на неколку Бразилци, како што селекцијата на Романија го реши начинот на смена на генерацијата, или да одиме по потешкиот, но според мене посладок пат, а тоа е да почнеме со вклучување на наши помлади играчи во овој циклус. Го одбравме вториот начин, ќе биде сигурно многу потешко затоа што вклучуваме играчи кои ќе бидат дебитанти и тоа токму на натпревари кои се исклучително важни за пласманот на ЕП“ – истакна претходно Скендеровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА