Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски стрелаше за Диошѓер во поразот од 2-1 од Пакс во 17. коло од шампионатот на Унгарија.
Откако во игра влезе во 49. минута, Ивановски во 70. минута погоди од белата точка за својот тим намалувајќи на 2-1.
До крајот на дуелот резултатот остана непроменет. Ова е втор погодок за македонскиот офанзивец сезонава во Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

