Словенија ремизираше со Египет 25-25 и со тоа ги заврши настапите на Светското ракометно првенство. По мечот големо беше разочарувањето кај членовите на словенечката репрезентација. Тие имаа голем приговор кон судењето, а сомнително им е и тоа како вироза ги има зафатено дури осум ракометари на тимот.
„Би кажал многу работи, но знам дека не можам, па затоа само ќе се гризнам за јазик. Дадовме се од себе, но не уништија нашите и туѓите глупости. Половина екипа ни беше во тоалет на денот на натпреварот, а и пред натпреварот. Тројца не можеа да играат, а цело време некој повраќаше“, изјави капитенот на репрезентацијата на Словенија, Јуре Доленец.
Од групата 4 на шампионатот во четвртфиналето пласман обезбедија Шведска и Египет, а Македонија настапот го заврши на последното место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА