Поранешниот репрезентативец на Англија, Гари Линекер е изненаден од одлуката на раководстовото на Челси да му врачи отказ на Френк Лампард. Англичанецот ги превзеде „сините“ во 2019 година, претходната сезона без засилувања обезбеди место во Лигата на Шампионите, а по целосниот ремонт на составот во летниот период, за кој беа потроши речиси 300 милиони на засилувања, клубот од Лондон не успеа да се наметне како лидер на Премиерлигата, по 19 одиграни натпревари има освоено само 29 бода и се наоѓа на деветтото место на табелата.
„Потполно смешна одлука донесена после првата неуспешна серија. Од почетокот на сезоната беше очигледно дека ќе му биде потребно време за воигрување бидејќи во клубот пристигнаа многу нови играчи. Силата е во трпението, а во фудбалот ретко кој го разбира тоа. Ништо не научија“ – порача Линекер.
Наследникот на Лампард на клупата на „Стемфорд Бриџ“ ќе биде германскиот стратег, Томас Тухел, а неговата официјализација се очекува во текот на денот.
?️ “This was a very difficult decision for the club…”
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 25, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

