ПЛЖ: Бадел и Баскет КАМ ја оправдаа фаворитската улога, Гостивар стигна до првата победа во сезоната

Паузата помеѓу двата дела од првенството го искористија тимовите да ги одиграат своите заостанати дуели, во кои најактивен беше составот на Гостивар кој по дуелот против Струга одигра уште четири натпревари. Притоа избраничките на Кире Анастасоски стигаа и до првите победа во сезоната откако славеа над Трокал со 61-53, и Пантери со 70-44.

Претходно подобар од гостиварци беше Бадел 1862 кој славеше со убедливи 110-40, како и Работнички кој изминатиот викенд на домашен терен забележа победа од 80-53.

Бадел 1862 ја оправда фаворитската улога и против составот на Шкупи (115-31), додека Баскет КАМ остана на врвот на табелата во групата „Исток“ по победата на гостувањето против Крива Паланка со 58-102.

 

 

Се вчитува...