Веселин Вујовиќ денеска е актуелен во хрватската јавност, утрово во колумна за порталот “Индекс“ го критикуваше селекторот Лино Червар за предвремената капитулација и најавената оставка по поразот од Аргентина, за попладнево во изјава за „Јутарњи Лист“ да потврди дека е заинтересиран да стане нов селектор на „коцкестите“.
По најавената оставка на Червар неколку медиуми почнаа со јавни анкети околу тоа кој би требало да го наследи, а во секоја од нив на чело е токму „Вујо Мајсторе“.
„Во Хрватска е тренд вложувањето во сопствени тренери, во поранешни играчи кои се решиле да запливаат во тренерски води. Затоа, би било чудно да изберат странец како мене за нов селектор. Гледам дека ја имам поддршката на јавноста во анкетите, но тоа не мора да значи ништо. Ако некој ми се јави, секако дека ќе прифатам, зошто да не… Иако пред неколку ден наполнив 60 години и се изморив од „борби со ветерници“, Хрватска е репрезентација што не се одбива“, истакна Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА