Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, испрати поддршка до актуелниот претседател на РФМ, Живко Мукаетов, во пресрет на неделното собрание на куќата на ракометот.
Вториот мандат на Мукаетов како прв човек на РФМ истекува годинава, а успешниот бизнисмен ќе се кандидира за да продолжи уште четири години да раководи со мак-ракометот. По успесите што ги имаше како претседател и беспрекорните услови што им ги овозможи на ракометарите, тој ја доби поддршката на целокупната јавност, меѓу нив и на капитенот Лазаров.
„Сакам да изразам безрезервна поддршка и одобрување за одлуката на господинот Живко Мукаетов да се кандидира за нов четиригодишен мандат на чело на Ракометната федерација на Македонија. Под негово водство се изградивме како сериозна федерација, уште повеќе го издигнавме нашиот национален спорт и верувам дека тој процес ќе продолжи“, рече Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА