Поранешниот македонски селектор Черомир Јаневски е повторно пред враќање во кипарскиот фудбал, овој пат како нов тренер на Олимпијакос од Никозија, пренесуваат кипарските медиуми.
И последниот тренерски ангажман на Јаневски беше на Кипар, во редовите на Енозис, но ја прекина соработката поради пандемијата на коронавирусот. Сега е пред преземање на кормилото на Олимпијакос Никозија. Кипарците најавуваат дека македонскиот тренер на клупата на Олимпијакос треба да се појави на 5. февруари.
Јаневски претходно на Кипар го водеше и Етникос Ахна, а во кариерата бил тренер на Бриж, Монс, Мускрон и Беверен во Белгија, белградска Црвена Звезда како и на Вардар во Македонија. Селекторската функција во Македонија ја извршуваше во 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

