Ракометарите на Данска ја понижија Хрватска во последниот натпревар од главната фаза на Светското првенство во Египет. Медиумите во Данска не пропуштија да поентираа по целата ситуација, односно фактот дека поради проблеми со стомачен вирус тие настапија со комбиниран тим, во кој меѓу другите не беше и првата ѕвезда Микел Хансен.
„Гротескно понижување. Јакобсен им даде минутажа на ракометарите од втор план кои одиграа неверојатно. Ние имавме проблеми со про*ив, но Хрватите излегоа и се за*баа“, пишуваат данските медиуми.
1/4 ФИНАЛНИ ПАРОВИ СП:
ДАНСКА – ЕГИПЕТ
ШВЕДСКА – КАТАР
ШПАНИЈА – НОРВЕШКА
ФРАНЦИЈА – УНГАРИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА