Фудбалерите на Силекс доживеаја пораз од 1-4 (1-0) на пријателскиот натпревар во Анталија од украинскиот гигант Шахтјор Доњецк.
Избраниците на Горан Симов одиграа повеќе од квалитетно прво полувреме во кое, по неколку убави шанси, се стекнаа и со предност пред полувремето со голот на Дејан Тантуровски во 42. минута.
Но, во второто полувреме измените во составот на Шахтјор вродија со плод, па нововлезените Алан Патрик, Корниенко и Степаненко во период од 55. до 69. минута постигнаа три гола за предност од 1-3. Во 90. минута Додо заокружи за конечни 1-4.
На претходните два тест дуели во Анталија, кратовци исто така загубија од украински Колос и српскиот Нови Пазар.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
СИЛЕКС (МКД) – Шахтјор Доњецк (Укр) 1-4 (1-0)
Стадион на „Регнум спорт центар“, Анталија. Стрелци: Тантуровски 42′ (С) – Алан Патрик 55′, Корниенко 65′, Степаненко 69′, Додо 90′ (Ш).
СИЛЕКС: Божиновски, Благојевиќ, Драшковиќ, Тимовски, Ивановски, Карчески, Манасиевски, Серафимовски, Мустафов, Тантуровски, Ѓорѓевиќ. Уште играа: Додевски, Каракамишев, Нешовски, Дурански, Ѓорѓиев
ШАХТЈОР: Пјатов, Болбат, Витао, Кочолава, Матвиленко, Мајкон, Мудрик, Марлос, Антонио, Соломон, Мораеш. Уште играа: Бондар, Дентињо, Фернандо, Алан Патрик, Корниенко, Степаненко, Судаков, Додо, Кривцов
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

